Се дезинфицираат патничките возовите што се во оптек, како превенција од ширење на вирусот Ковид-19. Специјализиран тим, како што соопштуваат од Железници на Република Македонија Транспорт АД – Скопје, дезинфекцијата ја извршил денеска на четири гарнитури и четири вагони што превезуваат патници на различни релации.
-Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје, како општествено одговорна компанија, се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 познат како коронавирус, откако Владата донесе мерки за превенција од вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, информираат од претпријатието.
Акцијата е започната денеска за превентивна дезинфекција против ширењето на овој вирус, а по потреба ќе се спроведе повторно. (МИА)