Мила Царовска наместо како министерка на МТСП да се грижи за обврските кои не се завршени, за оние проблеми кои се болни и чувствителни во општеството, таа почнува со претурање од шупливо во празно. Изнаоѓа начини како „демек“ ќе се спречи напуштањето на децата, насилството и негрижата. На кого се продава оваа басма министерке – прашува јавноста. Ние сме свесни како родители сите дека патронажни сестри доаѓаат, 2-3 пати во семејството на почетокот, штом ќе дојдат дома мајката и бебето, како и на кој начин може тие да знаат или дознаат што се случува во рамките на семејството доколку се таму 10-тина минути како што и се вообичаено. Ако некои родители не изразат желба патронажните сестри се присутни само еднаш во нивниот дом, првиот пат кога треба да се појават и да ги известат родителите што и како треба со бебето и тука завршува се.

На кого се продава сонот и за колку пари сега, дека патронажните сестри ќе увидуваат, ќе контролираат или ќе успеат нешто да направат? Само се лажете себеси и јавноста со ваквите изјави министерке, ама да знаете ние како родители знаеме многу повеќе и многу подобро од тебе, ние тоа го имаме поминато на наша кожа, не ни раскажувале за тоа како се случува – изјавија родителите.

Освен тоа досегашната пракса има потврдено дека патронажните сестри поминуваат во оние домови, кај оние мајки кои ќе изразат желба уште во здравствените установи каде се пораѓаат, сите останати се исклучени од твојата равенка министерке Царовска, кажи колку пари треба да се „поминат“ заперат и да паднат случајно во твоето џебче или каде и да треба, за да кажете дека е ова уште еден успешен проект на оваа влада.

Знаеме и ние младите родители на Македонија и може со сигурност да потврдиме дека ова е иницијатива на празни муабети од МТСП само и само со цел да успеете во намерата да „земете“, „позајмите“, „уштедите“ извесна сума финансиски средства на име на државната институција која ја раководите. Да знаете дека јавноста знае, родителите знаат и неможе повеќе и нема со што да ни ги мачкате очите. Вистината излага на дело, за криминалот во најава секој одговорен ќе одговара – изјавија родителите

Ова е официјалната приказна, која во позадина содржи проектче, некое миљонче, на државна сметка се разбира, тие се најслатки, па, повелете прочитајте ја и оваа БАСМА:

Македонското здружение на медицински сестри и акушерки, со поддршка од Фондот за деца при Обединетите нации започна нова серија обуки за патронажните сестри со фокус врз поддршка на семејствата при негување на емотивниот, социјалниот и интелектуалниот развој на децата во најважните години од животот.

Новата иницијатива е дел од напорите за натамошно јакнење на улогата на здравствениот сектор во намалување на ризикот од напуштање на децата, намалување на насилството, запоставувањето на децата и дисфункционалното родителство.

– Од моментот на раѓањето, децата се биолошки програмирани да се свртат кон своите родители.

– Кога детето ќе доживее емотивно одбивање или кога ќе се соочи со хаос и насилство во домот, неговиот развој, самодоверба и способност да учи се исфрлени од колосек. Токму затоа е пресудна помошта што патронажните сестри кои одат во домашна посета им ја даваат на родителите за да применуваат позитивно родителство и да градат безбедна приврзаност со своите деца.

 

– Патронажните сестри се првите здравствени работници кои го посетуваат семејството на новороденчето и првите кои нудат совети за грижа околу децата – рече Велка Лукиќ, претседателка на Македонското здружение на медицински сестри и акушерки.

Јавноста сега ја знае и вистината и тоа што вие го продавате како приказна, времето ќе покаже дека не сте искрени во намерата и сето ќе ви падне во вода, затоа што со лаги, манипулации и измама на населението, може до некаде, тој праг вие веќе одамна го поминавте!!!