Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска на официјалната Фејсбук страницата на министерот за здравство, Венко Филипче напиша објава во која го раскажува лошото искуство кое нејзиниот татко го имал во болницата 8ми Септември. Тој е болен од вирусот и како што посочува припаѓа на посериозна категорија пациенти. Таа прашува кој ќе ја сноси одговорноста за тоа дека нејзиниот татко цела ноќ бил држен без кислород бидејќи боцата се потрошила и немале со што да ја заменат.

Тоа било причина да нејзиниот татко заврши на респираторна машина, на интензивна нега и да се бори за живот со тешко оштетување на белите дробови. Дали фирмата е виновна бидејќи не доставила резервна боца или сестрата што не ја заменила или пак државата бидејќи плаќа неодговорни лица, го прашува министерот Филипче беспомошната Марија.

– Ве молам укинете ја хипократовата заклетва и онака ја газат на секој чекор, пишува Марија Анѓелеска.

Во продолжение може ви ја пренесуваме нејзината целосна фејсбук објава: