Пет нови случаи со коронавирус во Македонија. За други две лица ќе се врши дополнително тестирање.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше за состојбата.

Утрово беа тестирани 7 лица, од кои 4 се позитивни, а 3 се негативни.

Дополнително позитивна на коронавирус е жена која е вратена од Холандија пред неколку дена. Развила симптоми и денес се јавила на Инфективна клиника.

Контактирани се лицата од нејзиното семејство, возачот на таксито кој ја возел од аеродром, а се контактираат и лицата со кои била во авион од Виена. Пациентката е од Скопје и е веќе хоспитализирана.

Другите 4 лица чии резултати денес беа позитивни се од Дебар и на лекување остануваат таму.

Во болницата „Жан Митрев“ кај дополнителни две лица се позитивни резултатите за коронавирус. Утре ќе се тестираат уште еднаш. Двајцата се од Скопје.