Пет случаи позитивни на подваријантата „стелт омикрон“ се детектирани во Македонија

Омикрон варијантата продолжува да се шири низ Македонија. Бројот на заболени секојдневно се движи околу 2000, а најмногу заболени се регистрираат во главниот град. Според информациите кои денеска се пренесоа…

Омикрон варијантата продолжува да се шири низ Македонија. Бројот на заболени секојдневно се движи околу 2000, а најмногу заболени се регистрираат во главниот град. Според информациите кои денеска се пренесоа во македонските електронски портали, пет случаи позитивни на подваријантата „стелт омикрон“ биле детектирани во Македонија.

Секвенционирањето на примероците, во кои бил детектиран BA.2 сојот, било извршено во приватна лабораторија во Скопје.

– Неофицијално, еден од случаите, кој бил и првиот детектиран „стелт“ во земјава, во епидемиолошката анкета потврдил дека со подваријантата се заразил преку социјализација во земјава и тој не патувал надвор од границите на Македонија. Оттука, останува се поставува прашањето колку долго подваријантата „стелт омикрон“ циркулира во Македонија, пишуваат дел од медиумите.


Related Articles