Случајот „Рекет“ изнесе на виделина и скандалозни информации поврзани за Охрид. Во дел од сведочењето на првообвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Зоран Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности, изјави денеска Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Бојан Јовановски вели цитирам: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“, затворен цитат. Од ова тврдење на Заев може да се заклучи дека Костантин Георгиески победил на наместени избори, зад кои стоел токму Заев со помошта на паравојската на осудениот за „Рекет“, Зоки Кичеец кој пак во меѓувреме беше ослободен од домашен притвор. Во прилог е и тоа што средбата помеѓу Бојан и Заев е на 3 април, на самиот старт од официјалниот почеток на изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, кои се одржаа на 21 април.“

-Оттука итно и неодложно бараме МВР и Обвинителството да спроведе темелна истрага за локалните избори за кои се тврди дека се местени од Зоран Заев. Второ, бараме одговори од Константин Георгиески и доколку постои вмешаност, негова одговорнст и оставка. И трето, врз основа на тоа како ќе се одвива истрагата, а понатаму и судбината на тој процес ќе бараме ревизија на сите одлуки на градоначалникот кој според тврдењето на Заев кое го пренесува првообвинетиот Бојан Јовановски, победил на наместени избори со паравојската на Зоки Кичеец. За крај јавноста очекува и одговори од СДСМ за тоа како ги украло изборите и ја погазило волјата на граѓаните, подвлече Пецаков.