Научник од Мексико утврди дека билката од која се произведува текилата содржи состојки што го пододбруваат апсорбирањето на калциумот и магнезиумот, минерали што се неопходни за здрави коски.

Во истражувањето на Центарот за истражување и напредни студии во Мексико, лабораториските глувци на кои им бил даван шеќер од сина агава произведувале речиси 50 отсто повеќе остеокалцин, протеин чие присуство е неопходно за создавање нова коскена материја.

Дури и обемот на коските им се зголемил по осум недели конзумирање текила.

Мерцедес Лопез, која е автор и водач на истражувањето, тврди дека ефектите се сведуваат на интеракцијата меѓу шеќерот од сината агава и бактерија во цревата што овозможува молекуларниот шеќер да ги врзе хранливите материи и да помогне во нивно пренесување до клетките во коскената срж.

Овие резултати може да помогнат во наоѓањето на алтернативна терапија за остеопороза, болест од која страдаат околу 200 милиони луѓе ширум светот.

Претходни истражувања покажаа дека текилата помага во намалување на шеќерот во крвта и во борбата против холестерол.