Доколку имате емоционален товар од кој со години не можете да се ослободите и тој само се таложи во вашите мисли, се што треба да направите е пред спиење да го запишете тоа што ве мачи, истакнува американскиот психолог Тим Вилсон во својата нова книга „Redirect: Surprising New Science of Psychological Change“.
Методот првпат е разработен од страна на социо-психологот Џеjмс Пенбејкер и се состои во тоа – пред легнување, 15 минути да го ставиме тоа што не окупира на лист хартија, а притоа да се фокусираме на најдлабоките чувства и мисли, поврзани со случката од минатото која не повредила.
Звучи просто, но тоа не е нималку лесно да се направи. Да се пишува за нешто што со години ви причинува непријатност, за тоа треба голема храброст. Луѓето кои имаат најмногу полза од ваквата „терапија“ на почетокот најчесто пишуваат во хаос, но на крајот пронаоѓаат нов наратив, нов начин за опишување на тоа што се случило во минатото. И, веројатно тоа е она што придонесува да се оттргнат од лошите мисли, зашто така почнуваат да го разбираат подобро самиот проблем, сметаат стручните лица.
Средени, чисти мисли значат подобро расположение, а тоа води кон подобро здравје и имунитет.