До кога ќе не лажете… Господине министре за здравство, Венко Филипче.

Доста веќе со овие празни ветувања: наредните недели, наредните месеци, наредните години. Дали сте свесни дека само лаги и неточни зборови кажувате… До кога ќе ве чекаме Филипче, ВИЕ самиот и вашиот потесен круг да се средите како што треба ?

Зарем не ви е доволна бројката на овој медицински персонал што избегал досега од државата за да се свестите дека треба веднаш да реагирате а не да чекате до 2020-тата ?  Зарем не ви е доволен податок тоа што сите уписи на медицински персонал се само со намера да по завршувањето заминат од Македонија? Што е потребно да се освестите?

Како доктор, како медицинско лице, ве замолувам ургирајте што побрзо да се придвижат работите, да не чекаме до 2020-тата. До тогаш можеби ниту еден лекар нема да се најде во државата, а кога го зборам тоа посебно мислам на младите лекари господине министре, Венко Филипче.

Интервенирајте во белата зграда во која си играте влада и практицирате власт…посочете им на колегите дека гумите за министерските коли во вредност од 53.000 илјади евра, не се приоритет и истите може да ги оставиме за 2020-тата, а не вака на дрзок, потценувачки и недостоинствен начин да си подигрувате со платите на ЛЕКАРИТЕ !!!Тие треба да бидат приоритет.

Филипче како министер за здравство, молба до тебе колега, интервенирај што побргу, за кратко ќе дојде време каде што нема кој да го лечи овој народ што остана во државата. Министре уште еднаш да апелирам и да ве замолам немој да ги избркате и тие малку млади доктори кои што сакаат да останат тука, да работат тука, да бидат дел од здравственот систем тука, во сопствената држава.

Дадете услови кои се доволно добри, ценети ги како колеги и не си подигрувајте со нивните чувства. Во 2020-тата ? Далеку е г-не министре, иако е следната година.

Младите доктори нема да ве чекат ВИЕ да се освестите, па тогаш да започнете со реформи за да се задржи кадарот тука, тоа така не иде, НЕ…Тогаш тие од DEUTSCHLAND ќе ве поздравуват со едно AUF WIEDERSEHEN….

Поздрав од колегата М.Џ.