По инфекција со коронавирус, практикувајте тренинг на сетилото за мирис, еве како!

Еден од најпрепознатливите симптоми на коронавирусот стана вообичаена појава. Станува збор за ослабување или губење на сетилото за мирис кое заедно со сетилото за вкус се типичен знак за инфекција…

Еден од најпрепознатливите симптоми на коронавирусот стана вообичаена појава. Станува збор за ослабување или губење на сетилото за мирис кое заедно со сетилото за вкус се типичен знак за инфекција со Ковид-19.

Кај повеќето пациенти, овие две сетила се враќаат во функција по неколку недели. Лекарите сè уште не знаат дали вирусот предизвикува долгорочно губење на ова чувство – бидејќи има такви чии мириси целосно се менуваат по враќањето во нормала.

Специјалистот Лео Њухаус вели дека не секој ќе се врати на истиот начин на фукционирање каков што бил, пред да биде заразен со вирусот, но добрата вест е дека миризливите неврони со кои можеме да мирисаме, се способни за регенерација.

Според неговиот извештај, пациентите со пост-вирусно губење на мирис имаат приближно 60% до 80% шанси да вратат дел од својата функција на мирис во рок од една година. Бидејќи сетилото за мирис обично се намалува со возраста, опоравувањето може да трае подолго за возрасните.

Препораките за враќање на сетилото за мирис во првобитна состојба се тренинг со мирисање на есенцијални масла како што се лимон, еукалиптус, каранфилче и роза. Не губете надеж, посочуваат лекарите, тренирајте ги сетилата и не се обесхрабрувајте.


Related Articles