Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во четврток во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер.

Услови за краткотраен локален дожд ќе има во петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.