Сезоната на настинки е во полн ек, а заедно со нив честа е и појавата на сува и непријатна кашлица. Освен класичните фармацевстки лекови, можете да си помогнете и со неколку народни лекови.

Доколку станува збор за обична сува кашлица, босилокот е вистинскиот избор. Кралот на зачините, традиционално се користи за воспаление на непцата и усната шуплина, кај настинката и сувата кашлица. Секојдневно грицкајте по неколку ливчиња при некој од оброците, како превентива, а можете и да сварите чај од босилок. Неколку суви листови прелијте ги со врела вода и оставете нека отстојат десетина минути. Чајот пијте го редовно свежо подготвен во текот на една недела.

Лукот е најдобриот природен антибиотик, антисептик со многубројни лековити својтва. Изгмечете неколку чешниња лук, исцедете го сокот од него, па додадете го во сок од исцеден лимон. Оваа течност разредете ја со вода. Земајте од овој напиток еднаш до два пати во текот на денот.

Низа истражувања покажале и дека бадемите имаат состојка која го подобрува имунолошкиот систем. Направете смеса од девет смелени бадеми, една лажица мед и малку путер. Оваа смеса консумирајте ја 2-3 пати на ден по една лажичка.