Во текот на вчерашниот ден од Министерството за здравство информираа за починатиот битолчанец на 22 годишна возраст. Момчето починало како резултат на последици од коронавирусот, а од МЗ тврдат дека не бил вакциниран и имал прекумерна тежина:

– Пациентот беше лекуван во КБ Битола, позитивен на ковид-19 од 9 октомври. Тој првпат се јавил на преглед на 10-ти октомври на Инфективното одделение во битолската болница. Според лекарскиот извештај, пациентот бил без знаци за пневмонија, имал температура и му била препишана терапија за дома. Тој бил на лекарски преглед и следниот ден на 11-ти октомври, а за 12-ти октомври на пациентот му биле закажани контролни анализи. На 12-ти октомври поради влошување на РТГ наодот и лабораториски анализи бил хоспитализиран и ставен на кислородна поддршка. Но кај пациентот прогресивно дошло до влошување на состојбата и тој починал на вчера, на 15 октомври, се наведува во соопштението од министерството.