Утре во Битола ќе се одржи протест под мотото „Сите сме Јана“  за прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска од битолско село Кравари кое минатата недела почина во битолската Клиничка болница по примена инфузија.

Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“, а организатори се семејството, роднините и пријателите на Христовски.