Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 780, бројката на оздравени пациенти е 13 949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131. Според завршените епидемиолошки анкети најмногу активни случаи по градови има во: Скопје 584, Куманово 207, Тетово 173, Прилеп 131, Гостивар 110, Струмица 106 и Кочани 104.

Досега во земјата се направени вкупно 176 017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Во однос на скопските општини, по завршените епидемиолошки анкети, вака изгледа денешната прераспределба:

• Чаир – 63

• Гази Баба – 74

• Аеродром – 86

• Карпош – 70

• Центар – 78

• Кисела Вода – 52

• Ѓорче Петров – 38

• Бутел – 33

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 11

• Сарај – 16

• Арачиново – 9

• Илинден – 15

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 3

• Петровец – 6

• Зелениково – 2

• Странец – 6

• Нераспределен-2