Со шок бомби и солзавец, полицијата употреби сила за да ја растури големата група граѓани собрани пред македонското собрание, кои протестираа против потпишаниот договор со Грција за конечно решавање на спорот за името.

По употребата на солзавец и шок бомби од полицијата, интервенираше и Брзата помош. Два кордона специјална полиција го чува Собранието.

Протестот пред Собрание траеше околу еден час. Почна мирно, за час поскоро неколку лица да бидат повредени во демонстрациите околу законодавниот дом. Нешто после 21 часот ситуацијата стана напната кога насобраните граѓани ја тргаа заштитната ограда на влезот во Собранието.

Откако ситуацијата стана хаотична, голем дел од учесниците, меѓу кои новинарски екипи, се жалеа на потешкотии со дишењето и силни вртоглавици поради солазвецот кој некоку пати беше фрлен меѓу народот.

Протестот е организиран преку социјални мрежи од навивачката група „Комити“, a според неофицијалните информации имало над 2.000 демонстранти.

Учесниците во протестот извикуваа „Македонија, не го даваме името“ и пееја патриотски песни, за како што велат – граѓаните се тие кои одлучуваат за својата и иднина.