Веќе се почнати божиќните пости. Постот претставува воздржување од храна одреден временски период. Поврзан е со религија, а постои целосен и делумен пост. Целосниот пост е целосна апстиненција од јадење, а делумен е воздржување од само некој вид храна.

Исто така, во зависност од религијата, постот може да биде денски или ноќен, а може да се практикува само во одредени периоди од денот. Покрај тоа, постот може да се практикува од други, нерелигиозни причини.

На пример, медицинскиот пост се практикува за детоксикација на телото. Исто така, постои дијагностички пост кој трае од 8 до 72 часа, во зависност од возраста на субјектот, а најчесто се користи за да се идентификуваат состојби како што е хипогликемија.

Храната што се консумира за време на постот најмногу потсетува на вегетеријанска и медитеранска исхрана. Овошјето, зеленчукот и храна од рибино потекло, се богати со антиоксиданти кои му помагаат на организмот да ги елиминира штетните работи.

Покрај тоа, за време на постот, генерално јадеме лесна храна, полесна за варење.

Зошто е постот добар за здравјето?

Благодарение на специјалниот режим на исхрана, врз кој се заснова постот, можат да се спречат разни болести како резултат на неурамнотежена исхрана. Телото се чисти во рок од 40 дена од постот, од токсините што ги внесуваме во нашата дневна исхрана.

Ова се случува затоа што телото користи складирани енергетски резерви во организмот. Освен тоа, луѓето кои постат подолг период се чувствуваат како да имаат повеќе енергија и елан.

Бидејќи токсините се наоѓаат во виталните органи и делови од телото, како што се белите дробови, црниот дроб и дебелото црево, телото за време на постот ги елиминира дигестивните нарушувања и ја подобрува циркулацијата.

Постот го стимулира срцето, белите дробови и мозокот, бидејќи ги снабдува со повеќе крв.

Исто така, овој режим на исхрана е форма на превенција на кардиоваскуларни заболувања. Го балансира хормонскиот систем, а особено помага при заболувања на тироидната жлезда.

Дали постојат негативни последици на постот?

Постот не е, и не треба да биде долгорочен начин на исхрана и начин на живот. Честопати се дебатира колку време треба да трае. Тоа е индивидуален избор. За некои луѓе, седум дена постење е премногу, додека од друга страна, постојат луѓе што можат да издржат многу денови, како што се 40-50-дневните религиозни пости.

Иако е потребно од време на време да се исчисти телото од штетни материи, сепак треба да бидете претпазливи. Постот не се препорачува за секого, особено не за бремени жени и доилки.