Канадските здравствени власти денеска го потврдија првиот случај во земјата на заразен со смртоносниот коронавирус, кој потекнува од Кина, наведувајќи дека сопругата на пациентот, исто така, е позитивна на тестирањето за болеста.

Според здравствените власти, првичните резултати од тестот на сопругата ќе бидат испратени во националната лабораторија во Винипег, од каде ќе се чека конечна потврда.

Речиси 20 лица се наоѓаат под лекарски надзор во Онтарио.

Пациентот, на кого му е потврдено присуство на вирусот, е 50-годишен маж, кој на 22 јануари пристигнал во Торонто од Вухан, и моментно се наоѓа во болнички карантин.