Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, информираше дека во земјата имунизацијата против Ковид-19 се одвива со забрзана динамика. Преку објава на Фејсбук таа наведува дека над 200 илјади веќе ја добиле втората доза од вакцината.

– Повеќе од 200 илјади граѓани ги примија двете дози од вакцината и денеска се многу позаштитени од Ковид- 19. Процесот се одвива со зголемена динамика на целата територија на земјата. Албанија се насмевнува, напиша Манастирлиу.
Додава дека вкупната бројка на имунизирани достигнала 650 илјади и повеќе од оптимист е дека до јуни со овој процес ќе бидат опфатени милион граѓани, што и била цел на владата.

Според неа деновиве се очекува да пристигнат нови пратки со вакцини. До сега имаме добиено над 760 илјади вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Спутник В. Деновиве ќе добиеме нови пратки, наведува таа.

Според објавените податоци на ресорното Министерството, вчера, регистрирани се 49 нови случаи, оздравеле 983, додека починало едно лице. Се намалува и бројот на хоспитализирани, кој моментно е 84 пациенти.al