Повисока плата за 5% за вработените во градинките од октомври

На денешната 89. седница, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да почне подготовки за покачување од 5% почнувајќи од октомвриската плата на повеќе од 4.200 вработени во…

На денешната 89. седница, Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да почне подготовки за покачување од 5% почнувајќи од октомвриската плата на повеќе од 4.200 вработени во детските градинки.

Како што соопштија од Владата, донесена е и одлука за продолжување со изградбата и опремувањето на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта.

Била разгледувана и информација за јавно-приватно партнерство за платформа за хеликоптерска Брза помош како и за потрага и спасување со хеликоптери. Владата го задолжила министерството за здравство да изработи студија за оправданост.

Сосема случајно се сите овие придобивки во најава за граѓаните на Македонија пред референдумот, нели?


Related Articles