Со новите реформи кои стартуваат од почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300%, односно 70% од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош, најавуваат од владата.
Оттаму, додаваат дека се воведува гарантирана минимална помош и неколку нови надоместоци, но истовремено ќе се работи кон преквалификација на лицата кои се невработени.
Го олеснуваме пристапот до надоместокот, на дополнителни 11.000 домаќинства, но и на постојаните 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош. Според новиот социјален систем, правото на детскиот додаток за првпат е достапно за домаќинствата со ниски примања. Така, бројот на деца корисници на детски додаток во 2018 година е 3.200, а се предвидува истиот да порасне на 73.500. Дополнително, бројот на корисници на образовен надоместок се предвидува да порасне од 3.800 на 64.316 деца. Истовремено, со последните законски измени околу 8.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до пензионирање, велат од владата.