Повторно дишеме енормно загаден воздух. Главниот град на земјава ги освојува првите места на листата на градови со најзагаден воздух, а Македонија деновиве беше во врвот меѓу најзагадени држави во светот.

Ова се најновите вредности на загаденост во Македонија.

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека девет од 10 луѓе дишат воздух што содржи високи нивоа на загаденост. Во овие светски статистики македонските градови, особено главниот град, се на чело кога станува збор за загадувањето.

Според СЗО, во Македонија 2.574 луѓе умираат предвреме секоја година како директен резултат на загадувањето на воздухот