Во второто тримесечје од 2020 година има зголемување од три проценти кај бројот на умрените лица во Македонија. Во овој период починале 5 064 лицa. Од нив 51 се доенчиња, што е 2,5 пати повеќе во однос на првото тримесечје, кога починале 22 доенчиња.

Бројот на живородените деца, пак, во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596.

Како што покажуваат соопшти Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови.

Според статистичката евиденција, во вториот квартал биле разведени 181 брак.