Норвешкиот актер Кристофер Хивју, попознат како Тортмунд од серијата „Игра на престолот“ е позитивен на коронавирус.

Веста актерот ја објави на својот Инстаграм профил, каде постави фотографија со сопругата од нивниот дом во Норвешка.

-Поздрав од Норвешка. Жалам што ќе кажам дека позитивно сум тестиран на Ковид-19, коронавирус. Моето семејство и јас сме изолирани дома. Добри сме, имаме само лесни симптоми, напиша Хивју.

Тој е последната позната личност за која потврди дека е позитивна на коронавирусот. Претходно тоа го потврдија Идрис Елба, Том Хенк и неговата сопруга Рита Вилсон.