Штом е кафето корисно за здравјето, кога се пие во вистинска мера, се разбира, тогаш и талогот што останува од него мора да има некаква корист.

Откако ќе ги научите неговите корисни својства за нега на убавината, но и за грижата за мебелот и здравјето на цвеќињата повеќе никогаш нема да го фрлате попусто.

Грубите честички и киселата содржина влијаат како совршен пилинг за вашата кожа, а талогот помага и во отстранувањето на нечистотиите и мртвите клетки кожа.

 

Измешајте талог од кафе со малку вода и кокосово масло и ќе добиете одличен пилинг за тело.

 

Може да помогне во намалувањето на целулитот на тој начин што ги разградува мастите и го зголемува протокот на крвта во зафатеното подрачје.

 

Со помош на стапчиња за чистење уши нанесете талог од кафе на гребаниците на дрвен мебел и оставете го да дејствува десет минути, а потоа исчистете со памучна крпа. Гребаниците ќе бидат значително помалку видливи.

 

Кафето содржи кофеин кој е многу токсичен за бројни инсекти.

Сипете малку талог кафе околу растенијата во куќата за да ги одбиете комарците, овошните мушички и слични непожелни бубачки.