Неофицијално до нашата редакција пристигнаа информации дека пратеничката од СДССМ од Струмица, Катерина Кузмановска деновиве без да „врши притисок“ и „по случаен избор“ на необјавен оглас „без да го искористи“ своето влијание како пратеничка со дискретно одлучување на клиниката за Гинекологија во Скопје ја има вработено својата ќерка Марија Кузмановска.
И покрај тоа што ќерката на пратеничката Катерина Кузмановска, Марија има дипломирано како општ доктор и тоа пред неколку месеци, поточно на 23-ти Ноември 2018-тата година и покрај отворениот оглас и потребата на ГАК од образовани и стручни гинеколози со искуство, сепак со дискрециона одлука е одлучено и примена е Марија Кузмановска како општ доктор да биде дел од тимот на ГАК во клиничкиот центар во Скопје.
Марија Кузмановска веќе до толку е радосна со постапките на нејзината мајка што веќе има објавено на нејзината ФБ страна и слика во униформа како здравствен работник на ГАК.
Но, вработувањето на своите деца тука не застанува, имено по примерот на нејзината колешка по партиска основа, пратеничката Кузмановска и директорката на ГАК, Викторија Јовановска „без протекции“ и „поголеми ургирања“ успеала пред извесен период да ја вработи на клиниката за пластична хирургија својата ќерка, која само што влегла на работното место многу брзо после тоа заминала на трудничко боледување. Зошто да не биде средена ќерката на директорката на ГАК, Викторија Јовановска? Додека ќерката е на трудничко боледување, не дека на клиниката за пластична хирургија ќе недостасува персонал, тоа не е предмет на размислување за директорката на ГАК, битно е да и биде обезбедено на ќерка и работното место по враќањето од трудничкото боледување. Зар не?
И покрај тоа што Зоран Заев во кампањата на Стево Пендаровски излезе со Стево и заедно со метли и летаа на нив и се закануваа за чистка во партијата СДССМ, освен фиктивните чистки Зоран Заев побара сите партиски вработувања на свои блиски, меѓу кои и децата на функционирте да престанат, истите да се откажат од вработувањата и дека тоа нема повеќе во иднина да биде пракса за нив како партија на власт и дека тоа повеќе нема да биде дел од нивниот начин на функционирање.
Лаги, до лаги, лаги врз лаги, во ек на кампања се вработуваат ќерки на директорки, ќерки на пратенички, за тоа што дознаваме и информираме, а тоа што се случува во позадина за сите тие информации кои не доаѓаат до нас. Што правиме со тоа? Каде е сега Зоран Заев да излезе, да образложи што се случува, какви се овие вработувања во сред кампања, по кој основ и дали се легитимни? Каде е министерот за здравство, Венко Филипче да каже свој став, како се примени децата на функционерите по здравствените клиники? Да се објасни какво е тоа дискреционо одлучување за вработување? И како тоа се користи како право само за деца на функционери блиски на власта?
Оваа власт и сите нејзини советници, министри, директори, пратници го лажат и манупулират народот за целиот нивен мандат откако се дојдени на власт и тоа продолжува цело време со лаги и понатаму. До кога народот ќе го дозволува сето ова? Гласот треба да се крене, правдата да победи!!!