Милица Трпковска како и останатите лица со посебни потреби додека пристигна на семинарот каде се запознаваа со нивните права, се соочија со безброј препреки и бариери. Пешачките зони како за неа и за останати инвалидизирани лица, не се соодветно прилагодени за да поминат.
Хотелот во Тетово каде се одиваше обуката како и останатите објекти во градот, немаше соодветни услови за движење на оваа категорија граѓани.
Милица вели дека ваквата состојба во Тетово но и во останатите градови во Македонија, е иста откако памти за себе. Има подобрување, но само на хартија и во поглед на бенфиции кои ги добиват оваа категорија граѓани.
Од Здруженијата за лица со посебни потреби, велат дека во рамки на законот, инвалидизираните лица ги имаат сите права, но во пракса нема услови истите да се спроведат.
Од Полио плус истакнаа дека Македонија и по 8 години откако ја потпиша Меѓународната конвенција за права на лицата со хендикеп, не успеа да ја спроведе во дело. Конвенцијата содржи 50 члена, кои пред се поради немање волја не се реализира на терен.
Во Тетово само две институции имаат пристапни рампи, нема звучни семафори или соодветни знаци и писмо за лицата со оштетен вид.