Не прашуваат често на митинзите од каде е црвената, па сакам и во Битола да одговорам, црвената е љубовта која ја чуствуваме кон нашата Македонија, црвена е нашата сила за промени во Македонија, црвена е победата и црвената ќе го врати животот во Македонија.
Илјада и триста, велат, дека секоја година во Македонија умираат од загадување, и владата вели дека за тоа нема пари. Има пари за рајски острови, има пари за Мерцедеси од 600 илјади евра, ама пари за животот и за здрајвето нема. Е тоа, почитувани битолчани, сакаме да го исправиме.
Јас сакам заедно со моите колеги, заедно со сите вас, пред Битола да превземеме обврска, да ја обезбедиме РЕК Битола да продолжи да произведува подобро и повеќе, да продолжи да ја храни Македонија со енергија, да создава повеќе и подобри работни места ама и да престане да го труе народот кој живее околу неа. Таа обврска ја превземаме и тоа ќе го сработиме, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатска листа во ИЕ 5 Битола, 03.12.2016.
После 3 години воздухот во Битола содржи 10 пати повеќе од дозволените концентрации на ПМ10 честички. На официјалната страница за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина беа објавени податоци дека мерната станица Битола 2, која се наоѓа во центарот на Битола, измерила 341 микрограм на метар кубен суспендирана прашина.
Апликацијата „Мој воздух“, пак, ноќта измери рекордни за оваа сезона 821 микрограм на метар кубен ПМ10 честички.
Битола и утрово е обвиткана во магла и загадена. Според мерната станица Битола 2 утрово во 8:00 часот покажува многу високо загадување со ПМ 2,5 честичките и високо загадување со ПМ 10 честичките. Во индустрискиот дел пак на Битола мерната станица Битола 1 сè уште не е ставена во функција.
Во останатите градови, пак, утрово состојбата не е ништо подобра. Утрово загаден воздух дишат и Струмица, Кочани и Тетово.
Додека граѓаните се гушат во загаден воздух Груевски и Коце Трајановски расипнички ги трошат парите на граѓаните на раскош и луксуз. За скопјани, за СДСМ и коалицијата, овој буџет е апсолутно неприфатлив, изјави Дамјан Манчевски во 2015-та година.
Вчера шоради густата магла од доцна попладнево не слетуваат авионите на Скопскиот аеродром, повеќето летови се пренасочени кон Софија и Приштина или се откажани.
„Скопје се гуши, загадено и во други градови“, „Утрово најзагадено во Центар, Капрош и Ректорат“, „Граѓанските здруженија бараат итни чекори против загадениот воздух“… Ова се само дел од насловите кои ги преплавија медумите. За минатото можеби ни треба архива, но за сега доволно е да излеземе надвор и да почнеме да се гушиме.
Советничката група на СДСМ и опозицијата предлага две нови конкретни мерки за намалување на загаденоста: Прво, предлагаме субвенционирање на граѓаните од страна на градот Скопје коишто ќе се одлучат греењето да го вршат на нови и чисти извори на енергија. Второ, предлагаме градот да воведе бесплатен јавен превоз, не после десеттиот ден како што е предложено во информацијата, туку многу порано, веднаш откако ќе се утврдат енормни количини на загадување со цврсти честички, изјави Дамјан Манчевски во 2014-та година.
Истото го изјавуваше и градоначалникот на Карпош кој во 2017-та година пре локалните избори посочи дека загадувањето во Карпош е алармантно, по локалните избори следуваат сериозни проекти за почист воздух.
Пред локалните избори истото го ветуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој ветуваше дека приоритети на новата локална власт на СДСМ ќе биде чист воздух и повеќе зеленило во Скопје, но откако тој ја превзема власт гледаме само уништување на зеленилото, а загадувањето никогаш не било поголемо и поприсутно.
И „најдоброто“ за крај. Ајро, ајро…
извор: infomax.mk