Нова сообраќајка во Скопје. На 14.06.2018 година околу 16.00 часот на ул. „1“ во село Студеничани, скопско, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.З.(40) од с.Вражале, удрило во петгодишно девојче од село Студеничани.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и било задржано на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Истрагата е во тек и се работи на расчистување на случајот.