Причината за губење на чувството за мирис конечно откриена

Губењето на чувството за мирис претставува еден од најчестите и најраните симптоми на коронавирусот, а група американски научници тврди дека ја пронашла причината за оваа појава. Според Sky News, утврдено…

Губењето на чувството за мирис претставува еден од најчестите и најраните симптоми на коронавирусот, а група американски научници тврди дека ја пронашла причината за оваа појава.

Според Sky News, утврдено е дека сензорните неврони кои го детектираат чувството за мирис и го пренесуваат на мозокот, сепак не се меѓу клетките за чувство за мирис кои ги погодува коронавирусот.

Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои обезбедуваат метаболичка и структурна поддршка на тие неврони, како и одредени матични клетки и клетки на крвните садови, велат научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард, кои исто така наведуваат дека губењето на чувството за мирис во повеќето случаи не е трајно.


Related Articles