Здравата, сјајна и негувана коса е цел на скоро секоја жена, поради што повеќето посегнуваат кон различни производи за нега.
Но, дерматолозите не потсетуваат дека храната која ја јадеме е основа за здрава и сјајна коса.
После триесетите години, растот на вашата коса постепено ќе се забавува. За да го спречите ова, вклучете намирници богати со протеини, железо, витамини А, Б, Ц, Д и Е, омега-3 масни киселини, цинк, селен и магнезиум.
Дерматолозите советуваат вашата исхрана да ја збогатите со јаткасти плодови, бидејќи истражувањата покажуваат дека омега-3 и омега-6 масните киселини можат да помогнат во намалување на опаѓањето на косата и подобрување на растот на косата. Покрај тоа, јаткастите плодови се богати со витамин Б и Е, магнезиум и цинк, што ќе спречи опаѓање и кршење на косата и ќе ја направи повеќе сјајна.
Лососот, харингата, туната и сардините се богати со протеини, витамин Д, омега-3 масни киселини и други компоненти кои ќе ја зајакнат вашата коса. Добра опција се и школките кои се богати со цинк, кои вашата коса ќе ја направат погуста и бујна.
Во вашето мени додадете и спанаќ, хранлива состојка богата со железо, но и јајца, кои се одличен извор на протеини кои се важни за здрава коса и нејзин раст.
Грашокот е исто така важна намирница бидејќи е богат со протеини, железо, цинк и биотин кои го поттикнуваат растот на косата. Во недостаток на биотин, косата станува тенка и кршлива.
Менито богато со црвено месо и темно зелен зеленчук, ќе ја направат вашата коса поздрава, како и лути пиперки, компири, моркови и грчки јогурт.