Прогласена епидемија на заразна жолтица во Посебното основно училиште „Св. Климент Охридски” во Ново село, каде се школуваат 50-тина деца со попречености, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат
Центарот за јавно здравје во Струмица издал наредба, училиштето во наредните 15 дена да биде затворено, бидејќи до сега кај 10 деца и една воспитувачка е откриен вирусот хепетитис А. Ваква одлука е донесена со цел да не се прошири болеста, бидејќи во ова установа има вкупно 80 лица, вклучувајќи го и целиот персонал кој се грижи за децата.