Во четвртокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, особено во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 7.
Утринските температури се движат меѓу 8 и 17, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 20 до 31 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде, исто така, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе дoстигне до 30 степени.