„Роденденски подарок“ е првиот краткометражен филм за мултиплекс склероза (МС). Во него е отсликана реалноста и здравствените и социјалните предизвици со кои се соочуваат овие лица во општеството.

„Филмот има прекрасен расплет каде секој може да ја почувствува суровата реалност, гордоста и победата. МС е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица.

Посветено работиме на унапредување на грижата за пациентите со мултиплекс склероза. Наместо 9, од оваа година 43 пациенти ја примаат иновативната терапија Ocrelizumab. Со примањето на иновативните лекови се контролира прогресијата на болеста.