Во изминатите 24 часа е регистриран првиот случај на заболен од корона вирусот во Свети Николе.

Денеска од Министерството за здравство информираа дека регистрирани се нови 22 случаи, како и двајца починати пациенти.

Од извештајот на министерството се гледа дека во 13 градови низ државата повеќе нема заболени, односно сите што биле заразени оздравеле. Градови каде што имало, а веќе нема активно заболени пациенти се: Дебар, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Крушево, Пробиштип, Кичево, Демир Хисар, Македонски Брод, Делчево, Валандово и Виница.