Две медицински лица од велешките здравствени институции се дел од новите шест случаи на лица заразени со коронавирус во Велес.
Еден потврден случај на коронавирусот има кај медицинско лице, кое е вработено во итната медицинска помош во Велес.
Од велешкиот здраствен дом за Батали оваа вест ја потврди и портпаролот на Здравствениот дом во Велес, д-р. Страхил Тодоров.
„Од денешните резултати имаме еден потврден позитивен вработен во Службата за итна медицинска помош од Велес“, рече Тодоров.