Канадски научници дошле до заклучок дека холестеролот во жолчката на јајцето има речиси исто негативно влијание за крвните садови, како и чадот од циграите.

Канадската студија за влијанието на јајцата и цигарите врз холестеролот е објавена во „Atherosclerosis“.

Научниците ги измериле наталожените маснотии врз 1 231 канадски пациенти на возраст до 61 година. Тие откриле дека создавањето на овие акумулации особено се забрзува по 40 тата година кај лицата кои редовно консумираат јајца. Резултатите се речиси идентични кај пушачите.