Периодот од 14 до 20 мај е Светската недела за подигнување на свеста за менталното здравје, па луѓето на социјалните мрежи разговараат за тоа како се однесуваат другите луѓе со нив кога станува збор за нивното ментално нарушување.

Растечкото општествено движење го менува начинот на кој сите размислуваме и дејствуваме во врска со менталното здравје. Сепак, многу луѓе се чувствуваат засрамени или изолирани затоа што имаат проблем со менталното здравје. Организациите посветени на подигнување на свеста кај народот прават многу за подигнување на свеста, меѓутоа, има уште многу работа.

На интернет почна да се шири прашањето: Која е најнечувствителната работа што некој ви ја кажал за вашата ментална болест? Резултатите се прилично шокантни и покажуваат колку луѓето се лаици за менталните болести.

– Една личност ми кажа дека не ми се потребни лекови, туку ми е потребна поголема мотивација за да се справам со моето ментално здравје.

– Дијагностицирана ми е анксиозност, и тоа прилично тешка. Кога бев на терапевт тој ми рече: – Премногу се грижиш.

– Секој има стресна работа, и јас имам стресна работа. Што те прави тебе толку посебен што мислиш дека треба да си третиран подобро од другите? – ми рече еден терапевт по мојот обид за самоубиство. Го прашав дали мисли дека тие зборови ми помагаат, а тој ми одговори: – Не сум тука за да ти помогнам, треба да си помогнеш самиот.

– Мислам дека ако престанеш да зборуваш за тоа, ќе заборавиш.

– Треба да се занимаваш со некое хоби наместо да бидеш тажна цело време.
– Не сфаќам зошто не ти е подобро, одиш на терапија веќе една година.
– Што се случи? Зошто си во депресија?

Имам хоби. Подобра сум и и понатаму одам на терапија. Ништо не ја предизвика депресијата.