Општо е познато дека редовната телесна активност го зајакнува телото, но и имунитетот. Најновот истражување спроведено на Униберзитетот Глазгов Каледониан покажува дека токму телесната активност го намалува и ризикот од болести и смртни исходи, а исто така и значително ја зголемува ефикасноста на вакцинирањето.

Според истражувањето, доколку вежбате редовно, шансите дека ќе имате повеќе антитела од некој кој е физички помалку активен изнесуваат дури 50%, тврдат британските научници.

– Нашите сознанија се многу важно откритие за потенцијално делување и реакција на пандемиите во иднина, изјави професорот Себастиен Частин кој го водеше истражувањето и додаде дека достапноста на вакцините влева надеж дека наскоро ќе заврши пандемијата.

Врз темел на шест одвоени истражувања во кои учествувале повеќе од половина милион лица, 30 минути вежбање, пет дена во една седмица, го намалува ризикот од заболување и смрт од заразните болести за 37%.