Чајот им е познат на луѓето уште многу одамна. Тие ги откриле неговите придобивки и почнале да го употребуваат.И така останало се до ден денеска, луѓето продолжиле да го пијат.
Здраво и убаво е чајот да се пие редовно тоа значи барем по една чаша дневно. Некои луѓе практикуваат да пијат чај само кога се болни и настинати или пак само во зима. Меѓутоа чајот не е само за во зима. Според некои истражувања чајот а особено зелениот чај ја заштитува кожата од UV зраците во летниот период.
Редовното пиење на чај помага за подобра циркулација и здраво срце. Чајот е добар и за физичката активност и издржливост, бидејќи е богат со антиоксиданти. Полифенолите кои исто така може да се сретнат како состојка во чајот помагаат за намалување на невролошките проблеми, за опуштање и подобро функционирање на човековиот организам.