Во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 218, Куманово 47, Штип 21, Прилеп 26, Тетово 28, Струга 2, Велес 24, Битола 36, Охрид 2, Кавадарци 9, Гостивар 46, Струмица 22, Крива Паланка 4, Радовиш 1, Крушево 2, Кочани 9, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 1, Валандово 5, Виница 10, Делчево 5, Кратово 1, Свети Николе 16, Кичево 29, Ресен 6 и Неготино 15.

Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје 102, Штип 22, Прилеп 42, Тетово 49, Струга 21, Велес 36, Охрид 51, Кавадарци 22, Гостивар 2, Гевгелија 2, Струмица 33, Крива Паланка 6, Радовиш 2, Кочани 20, Пробиштип 5, Пехчево 1, Берово 5, Свети Николе 4 и Неготино 14.

Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47 636, бројката на оздравени пациенти е 27 803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18 488.