Ни преставува чест и задоволство да Ве информираме дека во изминатиот период се ре-обнови Здружението на нефролози во Македонија при Македонско Лекарско Друштво, информираат преку соопшттение од организацискиот Одбор на Здружението на нефролози на Македонија при Македонско Лекарско друштво.

Имено на конституциалното собрание за претседател беше избрана Проф. Др Ѓулшен Селим, субспцијалист нефролог, докажан лекар и научник во областа на нефрологијата во земјава и странство. Таа е автор на голем број меѓународни публикации, учесник во научно истражувачки проекти, а секогаш нејзина најголема доблест била едукација на младите лекари и грижата кон пациентите. Со нејзиното назначување продолжува континуитетот на здружението на нефролози кое што во минатото беше формирано во далечната 1970 година одстрана на Проф. Др Димитар Хрисохо, а во продолжениепредводено од нашите истакнати професори Проф. Др Ѓеорги Масин, Проф. Др Нинослав Ивановски и Проф. Др Александар Шиколе.

Би сакале јавно да се заблагодариме на сите нашите подржувачи со цел на понатамошно унапредување на мулти дисциплинарниот пристап и во насока на подобрување на здравствените услуги и подигнување на квалитетот на образовниот процес во Македонија, стои во соопштението.