Три дежурни пунктови во кои ќе се примаат деца со лесна симптоматологија ќе бидат отворени во текот на идната недела во рамки на Здравствениот дом Скопје, се најави во изминатиов период од страна на министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека во пунктовите ќе работат општи лекари и специјалисти од семејна медицина кои ќе бидат првото место во кое ќе се примаат децата кои имаат лесна симптоматологија, со цел да се намали големиот притисок кон Клиниката за детски болести.
– Тие во моментот се едуцираат на Клиниката и откако ќе го разработиме системот во текот на периодот што следи како нов начин на функционирање и упатување на децата во Скопје, ќе го ставиме во функција – додаде Филипче.