Саамохраните родители на децата со посебни потреби реагираат дека доколку имаат потреба да завршат обврски надвор од домот нема кој да им ги чува децата.

Исто така, реагираат и се жалат дека инклузија во образовниот процес нема. Бараат да добијат домашни асистенти. Воедно нема дидактички материјали во училиштата, ниту пак соодветен обучен наставен кадар. Статистиките покажуваат дека училиштата бараат да се обезбедат 334 образовни асистенти, што е за 4 пати повеќе од моменталната бројка.

Во 16 скопски основни училишта не подготвиле посебен индивидуален план, а родителите во две од нив одбиле да ги пратат нивните деца со попреченост да посетуваат настава.