Руската вакцина „Спутник Лајт“ има 79,4% ефикасност во само една доза

Рускиот фонд за директни инвестиции ја соопшти ефикасноста на вакцината „Спутник Лајт“ против коронавирусот. Станува збор за 79,4% ефикасност и тоа само во една доза, што е многу поголем број…

Рускиот фонд за директни инвестиции ја соопшти ефикасноста на вакцината „Спутник Лајт“ против коронавирусот. Станува збор за 79,4% ефикасност и тоа само во една доза, што е многу поголем број во однос на ефикасноста на вакцините кои треба да се примат во две дози.

Еднокомпонентната „Спутник Лајт“ е ефикасна против сите нови видови на коронавус и не се регистрирани сериозни несакани ефекти по нејзиното аплицирање, се вели во соопштението на центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ каде се извршени лабораториските истражувања.

Оттаму посочуваат дека не се потребни посебни услови за чување и складирање на вакцината, а цената е помала од 10 долари. Шефот на РФПИ, Кирил Дмитриев изјави дека „Спутник В“ останува главно средство за вакцинација против коронавирусот во Русија, додека еднокомпонентната вакцина „Спутник лајт“ ќе се извезува во странство.

Нагласено е дека производството на вакцината ги исполнува најстрогите стандарди со темелна процедура со четири фази на прочистување на вакцината.


Related Articles