Сакате ли да ја дочекате оваа Нова Година со бисерно бели заби и блескава насмевка, и да ги избелите вашите заби како што тоа го прават професионалците, но во домашни услови?

Сакате ли да ги избегнете долгите предпразнични посети на стоматолошките ординации, а сепак да уживате во ефектот на професионалниот и безбеден избелувачки третман на вашите заби и тоа во комодитетот на сопствениот дом?

Тогаш се што треба да направите е да го потсетите вашиот стоматолог да ви препорача BioWhiten и да ви изготви ваш персонализиран план за употреба!

Дали знаете што го издвојува BioWhiten од сите други слични производи присатни на македонскиот пазар?

BioWhiten е единственото стопроцентно биолошко средство за белење на забите кое може да се користи дома, но и во забна ординација, по советување со вашиот стоматолог.

Постапката и средството се исти, но  дали професионалниот третман на избелување ке се спроведе дома или во ординација, секогаш избира потрошувачот!

Моќта на BioWhiten брзо и безбедно да обезбеди перфектно бели заби и филмска насмевка, се крие во неговата уникатна формула.

При употребата на ова единствено средство од ваков тип присатно на пазарот, при процесот на белење се ослободува многу голема количина на активна супстанца, со што во рекордно кратко време се добива посакуваниот резултат.

Тоа што ова средство го издвојува од сите други слични производи е и тоа што  BioWhiten е единствено избелувачко средство кое може да се нанесе и на чувствителни заби, пришто корисникот нема да има никакви несакани или непријатни чувства за време и по постапката, а резултатите ке бидат видливи уште по првиот третман.

BioWhiten без сомневање е најефикасната и најздрава опција за забите и здравјето на пациентот, која благодарение на компанијата, Превента сега е достапна и на македонскиот пазар!

Дали знаете дека безбедноста и ефикасноста на BioWhiten е резултат на бројни иновативни истражувања?

Од Превента објаснуваат дека BioWhiten е првото и единственото биолошко средство, кое е резултат на бројни иновативни истражувања за белење на забите.

Со помош на најнова нано технологијата, BioWhiten го постигнува идеалното ниво на алкална pH за белење на забите, а истовремено прави и нивно реминерализирање.

Базата на BioWhiten е специјално патентираната формула на алкален H2O2, кој обезбедува идеално ph>7 за ефикасно и брзо белење и нано-хидроксиапатит, со кој се врши реминализирање на забите.

Искуствата од досегашната употреба на BioWhiten покажуваат дека средството беспрекорно успева да ги реминализира забите, со што го зајакнува емајлот и ги исполнува микро-пукнатините и дентинските тубули.

BioWhiten се покажал успешен и при различни случаи на дисколоризација на забите, од најмала до најизразена, па дури и во случај кога промената на бојата на забите била  последица од употреба на тетрациклин.

Иновативната формула BioWhiten, веќе им е достапна на сите потрошувачи и истата може да ја набават по задолжителната консултација со својот стоматолог!