Добра вест за сите оние кои не можат да се откажат од шпагетите, макароните, равиолите.

Научниците од италијанскиот институт „IRCCS Neuromed“ го претставија новото истражување со кое тврдат дека исхраната богата со тестенини нема никакво лошо влијание на вашиот струк. Напротив.

Истражувањето вклучило следење на исхраната на дури 23.000 луѓе, како и на нивната телесна тежина. Заклучокот пак е дека оние кои редовно јаделе умрена количина на тестенини всушност се послаби од оние кои конзумирале друга храна за главните оброци.

Конзумацијата на тестенини, тврдат научниците, е поврзана со намалување на индексот на телесната маса, со потенок струк и со подобра размерност на сантиметри меѓу струкот и колковите.