Можете да го забавите влијанието на времето врз вашата кожа и тело, сè додека јадете на вистински начин.

Денес, ќе ја споделиме волшебната моќ на петте најчести производи што можете да ги купите во која било продавница. Нивното користење значително ќе го забави штетниот ефект на времето врз вашето тело.

Семики од тиква

Семките од тиква се богати со цинк, триптофан и поли незаситени масни киселини. Тие ја подобруваат еластичноста на кожата и помагаат во зараснување на различни рани.

Семките од тиква, исто така содржат антиоксиданти – каротеноиди и витамин Е, што може да помогне да се избегнат срцеви заболувања и да се намали холестеролот.

Препорачливо е да се консумираат 23 до 42 грама семки од тиква на ден.

Домати

Во доматите има многу ликопен и каротеноиди. Црвената боја ја должат токму на ликопенот. Оваа супстанца е корисна за луѓето затоа што ја штити кожата од изгореници.

Истражувањата покажуваат дека треба да консумирате околу 22 милиграми ликопен на ден. Тоа е околу 2 супени лажици сос од домати или една чаша сок од домати. Но, најдобро е да го консумирате доматот свеж.

Бадеми

Бадемите се богати со флавоноиди, витамин Е, Л-аргинин, поли незаситени масни киселини и магнезиум. Исто така, ги содржат основните растителни масти и антиоксиданти потребни за човечкото тело.

Според нутриционистите бадемите е најдобро да се консумираат непечени.

Според нив,  дневно е најдобро да се венсуваат околу 20 бадеми (непечени) дневно.

Магдонос

Магдоносот содржи многу миристин, витамин Ц, каротеноиди и хлорофил. Има антиинфламаторно дејство и содржи многу антиоксиданти. Ја прочистува крвта и помага во производството на глутатион, што е клучот за младоста на телото.

Покрај тоа, магдоносот помага при оток и штити од патогени бактерии.

Препорачливо е да земате голем грст (30-40 g) магдонос три пати неделно.Нутриционистите препорачуват да се пие и чај од магдонос, но исто така и дека е добро магдоносот да се додава на скоро секоја салата.

Цвекло

Цвеклото е богато со фолна киселина, калиум, холин, хијалуронска киселина и каротеноиди.

Помага да се отстранат токсините и слободните радикали од телото, го подобрува варењето на храната и спречува заболување на цревата.

Според нутриционистите дневно е препорачливо да се консумира 250 милилитри сок од цвекло. Но, исто така можете да направите и салати од свежо или варено цвекло.

Преголемата употреба доведува до проблеми со бубрезите, затоа не го прејадувајте.