Додека народот живее во страв, а Македонија брои заразени и жртви, СДСМ има единствена цел- брзо да се оди на избори. Како еден таков изборен ден да не е доволно голем ризик за заразување, челниците и функционерите на СДСМ веќе започнаа и кампања.

Тие одржаа повеќе средби со граѓани на кои им даваа ветувања напишани на лист хартија кој го подаваа со директен допир.

Без да носат ракавици и недржејќи ја потребната дистанца, функционерите од партијата на Зоран Заев, освен сопствените, ги ставија во ризик и животите на своите симпатизери. Резултатот од оваа неодговорност е: функционери на СДСМ заразени со коронавирусот, голем дел од врвот на партијата во изолација.

А колку од граѓаните кои ги тераа да излезат и да се фотографираат со нив за партиски цели се заразени, засега не е познато.

Десната рака на Зоран Заев, потпретседателот на партијата Мухамед Зекири, јавно обелодени дека тој е позитивен на коронавирус.  Тој присуствувал на настан во Куманово заедно со сите кандидати за пратеници на СДСМ од оваа изборна единица, па секој од нив денес е во изолација. Сите овие 20 лица имаат и свои семејства кои заради нивните партиски активности се ставени во ризик.

Позитивна на коронавирусот е и директорката на УЈП, Сања Лукаревска од СДСМ. Таа имала партиски состаноци во СДСМ, но беше и на терен, рамо до рамо се премиерот Оливер Спасовски. Тој веднаш направи тест, кој е негативен, но останува во изолација.

Флаери низ Куманово делеше и Славјанка Петровска, заменик министер во МВР, па и таа замина во изолација.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, исто така е во изолација поради средбите кои ги имал со Мухамед Зекири.

Дека кампањата на СДСМ е огромен ризик за зараза покажуваат и активностите на вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска. Таа од вчера е во задолжителна самоизолација бидејќи минатата недела имала состанок со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој обелодени дека е позитивен на коронавирус.

-Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома. На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот, напиша вчера Царовска на Фејбук.

Царовска јавно ги прекршуваше протоклите и си тераше партиска програма ставајќи ги во ризик сите граѓани на кои им делеше програма од близина, без ракавици. Најголем дел од нив беа постари лица чии животи се најзагрозени од коронавирусот.

Кампањата на СДСМ и нивната желба за власт може да биде причина за голем број новозаразени, но и жртви.

Мила Царовска оди во изолација, но со денови претходно тераше кампања и загрози илјадници животи.

И директорот на Службен весник, Мартин Костовски, бил во контакт со Сања Лукаревска и направил тест за ковид 19.

Тој на Фејсбук напиша: И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот КОВИД 19 поради контактот со другарката Сања Лукаревска која е позитивна на вирусот. За среќа немам никаков симптом и се надевам дека нема да бидам позитивен. Следните 14 дена ќе бидам во самоизолација и обврските ќе ги вршам во домашни услови. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни.

Градоначалникот на Бутел исто така замина во изолација. Тој е член на СДСМ и одржувал средби со претставници на партијата. И советникот за односи со јавност Марјан Забрчанец од СДСМ отиде во изолација.

Во изолација поради опасност дека се заразени со коронавирус заминаа и други партиски кадри на СДСМ, сите кои имале контакт со позитивните случаи или ризичните.

СДСМ станува кластер кој заразува со коронавирус. Жедни за избори, неодговорните кадри ризикуваат свои и туѓи животи!