Наместо до 70 години возачките дозволи ќе имаат важност до 75 години старост, се воведува мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци. Со новите усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, значително се намалуваат и казните. Тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.
Со измените и дополнувањата на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата што поминаа на последната владина седница, електричниот тротинет стана возило кое по велопатеките ќе може да се движи до 25 км/час, а на пешачка патека до 6 км/час. За пречекорување на овие брзини, глобата изнесува од 120 евра.
Наместо до 70 години возачките дозволи ќе имаат важност до 75 години старост, се воведува мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци. Со новите усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, значително се намалуваат и казните. Тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.
Според измените и дополнувањата на Законот за безбедност во сообраќајот, се регулира и возењето на електричните тротинети. Тие ќе можат да се движат по велосипедските патеки и тоа со максимална брзина до 25 километри на час, додека онаму каде што нема велосипедска патека, тротинетите ќе можат да се движат по пешачки патеки тротоари, односно друга површина наменета за движење на пешаци, но со максимална брзина од 6 километри на час. За пречекорување на овие брзини, ќе фрчат казни. Овој вид на превозно средство досега не беше регулирано со закон и се третираше како учество во сообраќај на велосипеди.
– Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг. А, ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува по десната страна. Доколку возачот на тротинет не ги почитува наведените одредби, ќе му биде издаден прекршочен платен налог со глоба во износ од 80 евра во денарска противвредност – прецизира Тони Ангеловски, портпрол во МВР.
При возење на тротинет ноќно време, возачот е должен да носи флуоросцентно елече за да биде видлив, но и да има заштитен шлем на главата. За непочитување на оваа одредба на возачот може да биде казнет со глоба од 50 евра – потенцира Ангеловски.
Според законските измени, лице под 14 години не може да управува тротинет. Воедно, возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување на возилото. Па доколку, возачот на тротинет не се придржува на ова, казната е 50 евра.
– Ако возачот на тротинет вози со поголема брзина од 25 километри на час, на велосипедска патека, или повеќе од 6 километри на час, на тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, ќе му се изрече глоба од 120 евра во денарска противвредност – појаснува Ангеловски.
Возачот на електричен тротинет не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот, во спротивно ќе биде казнет со 50 евра. Исто толку изнесува казната доколку на предната страна на електричниот тротинет нема светло во бела боја, а на задната страна светло со црвена боја.
Тој очекува измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата да поминат во Собранието во текот на ноември.
250 евра е највисоката казна за прекршоци во сообраќајот
Владата усвои предлози и измени на серија закони од надлежност на Министерството за внатрешни работи заради усогласување со претходно донесениот Законот за прекршоци, со што во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се предвидени значителни намалувања на казните.
– Казните ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти. Се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни, освен казнените одредби – објаснуваат од владината прес-служба.
Ќе се одзема возилото што премногу бучи
Од другите измени се издвојуваат и продолжувањето на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години, како и мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.
Ќе се одзема возачка дозвола за незгода предизвикана од брзо возење или под дејство на алкохол
Исто така, се предлага изрекување на санкција – престанок на важење на возачка дозвола за возачи на кои во период од пет години им е изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило заради санкционирање на учесниците во сообраќајот – возачи, кои почесто се јавуваат во улога на сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот, кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со потешки последици (поголема брзина од дозволената, возење под дејство на алкохол и недавање првенство на минување)